Ракометарите на Охрид со победа против Тиквеш ја завршија сезоната во суперлигашкиот плеј-оф.
Иако од претходно беше познато дека избраниците на Стевче Алушовски ќе го обезбедат четвртото место и пласманот во Европа, сепак по дуелот со кавадарчани прославија со навивачите.
„Рибарите“, ракометарите и стручниот штаб на Охрид со легендарната „Лихнида кајче веслаше“ го прославија излезот во Европа по подолго време.
За ранкингот на пријавените екипи во Европскиот Куп и од кое коло ќе стартува Охрид, ќе биде познато на почетокот на јули, а кон средината на истиот месец ќе биде и ждрепката.
По вчерашниот дуел со Тиквеш, Охрид се раздели со десниот бек Деан Шешиќ, десното крило Никола Стоилевски и пикерот Адмир Пелидија.