🎥Постолов како Пранди за големо славје и камбек во елитата на Радовиш!

Екипата на Радовиш по едногодишна пауза се враќа во најквалитетното натпреварување во Македонија, откако во суперлигашкиот бараж славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 27:26.

Победничкиот гол за Радовиш го постигна искусниот Здравко Постолов, кој со гол од слободен удар по истекот на времето успеа да го совлада противничкиот голман и да донесе голема радост за својот тим.

Еурофарм Пелистер 2 од Супер лигата се сели во понизок ранг на натпреварување, односно во Првата лига, во која конкуренцијата во следната сезона ќе биде уште поголема.

Голот на Постолов за камбекот на Радовиш во Супер лигата можете да го погледнете на видеото во продолжение…

 

 

 

СЕНЗАЦИЈА: Радовиш со гол од слободен удар се пласира во Супер лига!