Репрезентацијата на Португалија испиша историја на Светското првенство 2025, откако во четвртфиналето славеше над Германија со 31:30 по продолженијата од по пет минути, а регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено, 26:26.
Херој на Португалија е 22-годишниот Мартим Кошта, кој во последниот напад успеа да реализира и да донесе полуфинале на својата репрезентација, па така избраниците на Переира ќе имаат можност да се борат за пласман во финалето.
Освен Португалија, во ТОП 4 се пласираа уште Франција, Данска и Хрватска. Португалците силите во полуфиналето ќе ги одмерат со актуелниот светски првак – Данска, која во четвртфиналто без многу проблеми славеше над Бразил.
THEY’VE DONE IT! 🇵🇹👏 On the buzzer of the extra-time Martim Costa scores the winner 🔥 Portugal knock-out Germany and book their place in the World Championship semi-finals!
PURE HISTORY.#CRODENNOR2025 #inspiredbyhandball @AndebolPortugal pic.twitter.com/4vDCPtXC4m
— International Handball Federation (@ihfhandball) January 29, 2025
Драма во Осло: Продолженијата кобни за Германија, Португалија ќе игра во полуфинале!