Тимот на Веспрем не успеа да го одбрани трофејот во Купот на Унгарија, откако беше поразен од главниот ривал ПИК Сегед.
Ракометарите на ПИК Сегед ја прекинаа доминацијата на Веспрем и по 2019 успеаја да го освојат Куп трофејот триумфирајќи со 31:30.
Навивачите на Веспрем не беа задоволни од прикажаното на нивните миленици, а најверојатно, според реакциите од навивачите, најмногу потфрлил Недим Ремили.