🎥Пешевски: Ние сме семејство – Стоилов и Манасков не се со нас, но ни даваат корисни совети

Машката репрезентација на Македонија утре го започнува настапот на Европското првенство во Германија со дуел против олимпискиот првак Франција. Кружниот напаѓач Жарко Пешевски треба да биде меѓу ударните игли во нападот на нашата селекција. Тој откри дека Стојанче Стоилов, кој веќе второ големо натпреварување не е во репрезентатицијата, како и Дејан Манасков, кој не е веќе во плановите на селекторот, им даваат многу корисни совети и се обидуваат колку можат повеќе да им помогнат на актуелните репрезентативци во обидот што подобро да се претстават на ЕП. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот....