Екипата на Охрид губи минимално на полувреме од Еурофарм Пелистер со 12:11 во натпревар од 2. коло на плеј-оф фазата.
На четири минути пред крајот на првиот дел, еден од најважните играчи во составот на Охрид, средниот бек Ловро Јотиќ, заработи незгодна повреда.
При нападот на Охрид, Хрватот се повреди откако еден од противничките ракометари со коленото удри во неговото колено.
Јотиќ беше изнесен од теренот со помош на соиграчите, а дали повредата е сериозна, ќе се знае во наредниот период.