🎥Пех за Македонија – Коцева на носилки изнесена од теренот

Женската младинска репрезентација на Македонија води со 15:6 на полувреме против САД во рамки од првото коло од Светското првенство во Скопје.

Во 11 минута од натпреварот повреда заработи средниот бек Бојана Коцева, која на носилки беше изнесена од теренот.

Доколку повредата е сериозна, тогаш селекторот Дарко Јанев ќе мора да прави нови комбинации за наредните натпревари.

Како што е познато, нашата селекција имаше проблеми со играчкиот кадар и на СП нема да играат Дукоска, Јанкуловска, Коловска, Нестороска, Велкова…