Тимот на Бисинов направи голем успех и без ниту еден загубен бод во прволигашката конкуренција се пласираше во Супер лигата.
Последен пат во елитната конкуренција, велешки тим играше во сезоната 2018/2019 година, кога Борец имаше само порази.
Новиот суперлигаш во последното коло од прволигшакиот плеј-оф пред домашната публика ја совлада Јехона со 37:27 и на најдобар можен начин се одјави од Првата лига.
Голем придонес во обезбедувањето пласман во Супер лигата имаше и искусниот голман Славјан Паунов, кој иако има 43 години, брани како во најдобрите денови.
📷 Славје во Велес – по пет години пак ќе се гледа суперлигашки ракомет!