🎥Палмарсон како во најдобрите денови, со два проектили ги „почести” Хрватите

Репрезентацијата на Исланд се израдува на првата победа во главната фаза на Европското првенство 2024, откако славеше над Хрватска со 35:30.

Исланѓаните победата ја освоија со подобрата игра во последниот период од натпреварот кога од 25:25 со фуриозен налет дојдоа до 30:25 и до крајот немаа поголеми проблеми со „коцкестите“.

Еден од најдобрите стрелци во победничката репрезентација беше Арон Палмарсон, кој постигна шест погодоци од седум обиди.

Палмарсон на денешниот натпревар покажа дека сѐ уште игра на одлично ниво и со два проектили ги „почести” Хрватите.

 

Густавсон „спушти ролетна“, Исланд славеше над „коцкестите“