Репрезентацијата на Шведска го освои третото место на Европското првенство 2024 во Германија и обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Париз.
Швеѓаните за ривал во дуелот за бронзениот медал ја имаа домашната селекција и полесно од очекуваното обезбедија победа од 34:31.
Најзаслужен за победата на Шведска беше голманот Андреас Паличка, кој собра дури 19 интервенции.
На спротивната страна, голманот на домаќините Андреас Вулф беше солиден, натпреварот го заврши со девет одбранети удари.
По натпреварот, двете голмански ѕвезди братски си ги разменија дресовите меѓу себе.
Andi Wolff and Andreas Palicka swaping shirts… 🥲😍🥰#ehfeuro2024 #heretoplay #SWEGER pic.twitter.com/CHFWeLILxy
— EHF EURO (@EHFEURO) January 28, 2024