🎥Најдоброто од новиот вардарец – еве што може Ашреф Мергали

Во новата сезона Вардар ќе биде посилен со репрезентативецот на Тунис, Ашреф Маргели (27) кој игра на позицијата десен бек.

Искусниот ракометар потпиша едногодишен договор и ќе биде засилување за тимот за следните предизвици на „црвено-црните“.

Десниот бек настапи за репрезентацијата на Тунис на квалификацискиот турнир за Олимписките игри, има настапувано и на СП 2021 година и во квалификациите за ОИ 2020 во Токио.

Маргели ја заврши сезоната во Тунис со титула во Тунис во дресот на Есперанца. Претходно има настапувано за Ал Калеј од Саудиска Арабија, како и за уште неколку клубови од неговата татковина.

Погледнете дел од неговите квалитети во видеото во продолжение…

 

Туниски репрезентативец потпиша за Вардар!