🎥Летаа црвени картони – се степаа ракометарите на Прилеп и Пролет

Екипата на Прилеп во натпревар од 2. коло од плеј-аут фазата на свој терен славеше против еден од главните ривали за првата позиција на табелата, тимот на Пролет со 23:20.

Натпреварот мина во голема борба, а го одбележа инцидент што се случи околу десетина минути пред крајот кога дојде до конфликт меѓу двајцата кружни напаѓачи, Стефан Атанасовски од Пролет и Томислав Квастек од Прилеп.

Настана турканица на теренот, во која се вклучија и други играчи, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола благодарение на интервенцијата на искусниот голман Златко Даскалоски и поголемиот дел од играчите.

Судиите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски реагираа со строга дисциплинска мерка, доделувајќи три црвени картони: два за гостинскиот тим – Стефан Атанасовски и Никола Стоилевски, и еден за домашниот состав – Томислав Квастек.