Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да ја одбраната титула во македонската Супер лига и втора сезона по ред се шампиони, откако ги совладаа „сино-белите“ од Автокоманда со 32-28.
Ова за битолчани е осма титула во националниот шампионат, а рекордер останува Вардар кој има 15 титули.
Еден од најзаслужните за одбраната на титулата е Филип Кузмановкси, кој со своето стекнато бундеслигашко искуство ги предводеше битолчани до победа на најважните натпревари.
Капитенот на старо-новиот шампион на Македонија за 24Ракомет ги сподели првите импресии по одбраната на шампионското место.