🎥Кузмановски: Си одиме со кренати глави, сите изгинавме на терен

 

 

Машката репрезентација на Македонија го освои третото место во групата А на Европското првенство 2024, откако го доби дуелот со Швајцарија со два гола разлика, 29:27. За Македонија победата над Швајцарија беше многу важна за обезбедување на првиот шешир за баражот за СП 2025 година. Еден од најдобрите поединци во нападот во составот на Македонија беше Филип Кузмановски. Битолчанецот ги сподели своите импресии по победата над Швајцарија и истакна дека денешниот триумф ќе биде голем мотив за поголема работа во иднина. Целосната изјава на Кузмановски погледнете ја во видео прилогот...