Ракометарите на Загреб во натпревар од 3. коло од Лигата на шампионите на гостувањето во Норвешка кај Колстад беа поразени со 29:25.
Хрватскиот шампион до 55 минута беше во игра барем за бод, но во клучните моменти домашниот тим беше повеќе пофокусиран и заслужени ги освои двата бода.
Одлична партија во редовите на Загреб повторно имаше некогашниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров.
Иако левото крило има 41 година, се уште игра во врвна форма, а на денешниот дуел погодуваше и од мртви агли.