Тимот на Бисинов направи голем успех и без ниту еден загубен бод во прволигашката конкуренција се пласираше во Супер лигата.
Последен пат во елитната конкуренција, велешки тим играше во сезоната 2018/2019 година, кога Борец имаше само порази.
Новиот суперлигаш во последното коло од прволигшакиот плеј-оф пред домашната публика ја совлада Јехона со 37:27 и на најдобар можен начин се одјави од Првата лига.
Најзаслужен за пласманот на велешкиот тим во македонската елита беше искусниот Ивица Илиев, кој за 24Ракомет ги сподели првите импресии по освоениот трофеј во Првата лига.
📷 Славје во Велес – по пет години пак ќе се гледа суперлигашки ракомет!