Дерби дуелот во црногорскиот шампионат меѓу Беране и Ловќен беше проследен со голем скандал, откако навивачите на домашниот тим направија нереди на трибините.
Како што пишуваат медиумите од Црна Гора, навивачите на Беране, извикувале погрдни зборови за гостите од Цетиње, скандирале „Косово е Србија“ и на крајот ги гаѓале дел од гостинските ракометари со стаклени шишиња.
Натпреварот во дури три наврати бил во прекин поради запалени факли, а во еден момент играчите на двата тима влегле во конфликт, но најприсебните од двата табори спречиле голем хаос.
,,Навивачите на домашната екипа за време на натпреварот фрлаа пластични шишиња кон ракометарите од Цетиње, ги нарекуваа усташи, па дури и скокаа на теренот за да се пресметаат со гостите”, пишува црногорскиот портал „Вијести“.
Ракометарите на Ловќен го добија дербито против Беране, славеа со 26:22 и се израмнија на табелата со Рудар и Будуќност Подгорица, сите три екипи имаат по 12 бода, додека Беране има осум.
По независноста на Црна Гора, овие два тима беа најголеми ривали во црногорскиот шампионат.
Ovako su se igrači Lovćena proveli u #Berane
“U finišu utakmice Beranci su rukometaše cetinjskog tima gađali predmetima među kojima su bile i staklene flaše, a pojedinci su pokušali i da uđu na teren i fizički se obračunaju sa igračima crnogorskog šampiona”.
“Utakmica je tri… pic.twitter.com/th8GHTqIc9
— CGsport.me (@cgsportme) November 25, 2024