🎥Лазаревски има ТОП 5 погодок на првиот ден од ЕП

Еден од погодоците на Милан Лазаревски на мечот со Франција е избран во ТОП 5 голови на првиот ден од Европското првенство.

Кружниот напаѓач имаше одлична партија против олимпискиот првак и даде четири погодоци, а еден од нив му „фати око“ на медиа тимот на ЕХФ.

Македонија загуби од Франција со 39-29, но разликата се чини дека е превисока бидејќи нашата репрезентација имаше и светли моменти.

Покрај Лазаревски, погодоци во ТОП 5 на денот имаат и Дилан Наи, Николас Реми, Мелвин Ричардсон и Јури Кнор.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со домаќинот на ЕП, Германија, на 14 јануари во Берлин од 20:30 часот.