🎥Голема драма – гол во последната секунда за реми на дербито

Екипите на Ѓорче Петров и Металург Автокоманда одиграа возбудлив натпревар во рамки од 16. коло од единственото женско сениорско натпреварување во Македонија. Иако Ѓорче Петров во најголемиот дел од натпреварот беше во предност, сепак, новакот успеа да се врати во финишот и да се избори за голем бод. Во последните десет минути имаше постојано надигрување, домаќинките беа на чекор до нови три бода, но забавата им ја расипа Марија Гугуљанова, која во последната секунда реализираше за нерешено, откако претходно Катерина Дамјаноска реализираше. Погледнете ја драмата....