Легендарниот Тимур Дибиров денеска ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите.
Левото крило заедно со Загреб ќе се соочат со полскиот гигант Келце во натпревар од последното коло од групната фаза од Лигата на шампоните.
Загреб со поразот од Алборг во претходното коло ги загуби сите шанси за евентуален прогрес, но на денешниот натпревар ќе посакува победа токму за Дибиров.
Русинот во хрватскиот шампион пристигна во текот на 2022 година од редовите на Вардар
Во таборот на „црвено-црните“ настапуваше девет сезони и со Вардар на двапати ја освои титулата во Лигата на шампионите, во сезона 2016/27 и сезона 2018/29.
Медиа тимот на ЕХФ подготви специјално видео за легендарното лево крило.
View this post on Instagram