🎥Доколку пропуштивте: Најдоброто од Фредериција – Еурофарм Пелистер во три минути

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер триумфираше против данскиот вицешампион Фредериција со 25-23 во 7 коло од ЛШ.

Со остварениот триумф во Оденсе, битолскиот тим се врати во конкуренција за место во осминафилето, односно елиминациите во европската елита.

Еурофарм Пелистер со освоените два бода се позиционира на 6 место во групата А, сега има три, а зад него се Висла Плоцк и Фредериција со по два бода.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со пет погодоци, еден помалку имаа Осама Хосни и Жарко Пешевски, а Никола Митревски натпреварот го заврши со 15 интервенции.

Најубавите моменти од средбата можете да ги погледнете на видеото во продолжение…