🎥Чудо во ЛШ – од пораз во победа за 15 секунди!

Екипата на Подравка, која е предводена од екс селекторот на Македонија, Ивица Обрван, оствари важна победа во Лигата на шампионите, во натпревар од 8. коло во драматичен финиш славеше над Сторхамар со 25:24.

Хрватскиот шампион иако на две минути пред крајот губеше со два разлика, 24:22, сепак, успеа со три гола во низа да дојде до победа. Биртиќ беше стрелец на двата гола за израмнување 24:24, потоа норвешкиот тим имаше нашад за победа, но домаќинките се одбранија, а во последната секунда, на празен гол, Катарина Панџа им донесе голема радост на домаќините.

Подравка со освоените два бода дојде до осум на свое конто, моментално, се наоѓа на 5. позиција на табелата и си има свои математика за пласман во осминафиналето во европската елита. До крајот од групната фаза има да се одиграат уште шест кола.

Рапид Букурешт, тим во кој настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, доживеа нов пораз. Романскиот тим беше поразен од Ѓер со три гола разлика, 28:25. Ристовска одигра одлично против европскиот гигант и натпреварот го заврши со три три гола од четири обиди.

Лига на шампиони, 8 коло, резултати:
група А
Подравка – Сторхамар 25-24
Мец – Крим 34-40
Никобинг – Глорија Бистрица 32-24
Ференцварош – ЧСМ Букурешт 31-28
група Б
Лудвигсбург – Кристијансанд 33-29
Рапид Букурешт – Ѓер 25-28
Брест Бретањ – Оденсе 36-38
Есбјерг – Будуќност 26-19