Еден од дебитантите на Европското првенство во Германија, репрезентацијата на Грузија, беше убедливо поразена во второто коло.
Грузија во вториот натпревар немаше никакви шанси против Шведска и загуби со дури 16 гола разлика, 42:26.
Ракометарите на Грузија натпреварот го загубија уште во првата половина од првиот дел, но на моменти покажуваа квалитет.
Голманот на Грузија, Зураб Цинцадзе, кој дел од кариерата ја помина бранејќи за Прилеп и Охрид, имаше фантастична одбрана во дуелот со актуелниот бранител на титулата.
Грузија првата победа во дебитанскиот настап на големите натпреварувања ќе ја бара во дуелот со БиХ.