По Алем Хаџиќ, член на Еурофарм Пелистер, БиХ доби уште еден голем ракометен талент во името на Ален Хаџимухамедовиќ.
18-годишниот Хаџимухамедовиќ, кој е роден во Германија, а со репрезентацијата на БиХ го освои златото на ЕХФ шампионатот минатата година, имаше одлично деби во Бундес лигата.
Младиот ракометар доби шанса да биде во составот на Битигхајм на натпреварот против Ајзенах и одигра на завидно ниво, постигнувајќи шест гола со процент на реализација од 86%.
Младиот репрезентативец на БиХ од вториот дел на оваа сезона тренира со сениорскиот тим на Битигхајм, па најверојатно ќе има сè поголема минутажа до крајот на првенството.