🎥Адамчески со проектил ги „почести” битолчани

Ракометарите на Прилеп во 14. коло од младинскиот шампионат славеа во пелагониското дерби против Еурофарм Пелистер 2 со 31:25. Еден од подобрите поединци во победничкиот тим беше Филип Адамчески. Левиот бек во второто полувреме од место упати проектил кон противничкиот гол кој беше неодбранилив. Голот може да го погледнете во видеото.