🎥24Ракомет во Келн – што порачаа полуфиналистите пред големата битка на Ф4

Утре со натпреварот меѓу екипите на Магдебург и Алборг ќе започне годинешниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите. Традиционално, домаќин на најдобрите четири екипи од европската елита е германскиот град Келн.

Освен актуелниот бранител на титулата и Алборг, на Ф4 турнирот ќе настапат и екипите на Барселона и Кил, кои го сочинуваат второто полуфинале.

На ланскиот Ф4 титулата ја освои Магдебург, второпласиран беше Келце, додека со бронза си замина екипата на Барселона, која во натпреварот за трето место го надигра ПСЖ.

Екипата на24Ракомет и оваа сезона е дел од големиот настан, а што порачаа од полуфиналистите пред големата битка на Ф4 можете да погледнете на видеата во продолжение…