Претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев додека беше на ракометниот Ф4 во Келн, ексклузивно за 24 ракомет кажа какви се плановите на актуелниот шампион на Македонија, кои се дел од засилувањата, и на кои позиции. Во кои играчи има доверба, кога би требало да се добие позитивната вест од ЕХФ во врска со „специјалната покана“ за настап во групната фаза од Лига на шампионите.
Битолскиот клуб сезонава имаше „историски“ успех, ја одбрани титулата во домашното првенство, во Лигата на шампионте ја постигна првата победа, и за малку не влезе во осминафиналето. Сите младите екипи имаа на Ф4 турнирите во Македонија, но и на првиот младински Ф4 во Келн организиран од ЕХФ.
„Евидентен е напредокот во работата со младите категори, и ако пред 5-6 години не немаше на картата на завршните турнири, сега не има на сите. Дополнително не има и на овој најголемото, во Келн. Морам да бидам задоволен, без исклучок на резултатите што го покажуваат. Пионерите беа на Ф4, во кадетска категорија бевме шампиони, младинците играа на Ф4 во Македонија. Дополнително овој устех со играњето во Келн е историја, што значи огромен резултат да бидете во друштво на овие други екипи и да играте на завршниот турнир, и да го заслужите тоа, да не ви биде подарено е успех. Освен позитвно незнам како може да се гледа, изјави Стерјев..
Македонија нема загарантирано место во групната фаза од ЛШ, но нашиот тим побара „специјална покана“ и според информациите од Келн, постојат добри шанси и следната сезона во Битола да се гледа европскиот ракометен крем.
„Позитивни ветришта дуваат од тука, во Келн, бидејќи седиштето на ЕХФ овие денови е во Келн. Со сите предности и резултати што ги постигнавме и ние и другите екипи и репрезентации, две години имаме полна сала, најдобри навивачи, најдобра атмосфера, не гледам причина зошто не би ја добиле таа вајлд карта, Позиивно се гледа на сетоа тоа. Очекувам дека некаде околу 22 јуни ќе имаме позитивна вест, вели Стерјев.
За следната сезона најголем дел од екипата ќе остане, со исклучок на ние за кои веќе беше најавено дека заминуваат.
„Комплетен ростер го задржуваме, со исклучок на оние играчи за кои се знаеше дека ќе заминат. Имаме договорено едно заислување. Имавме состаноци со сите менаџери што се тука, со други луѓе околу засилувања. Она што го планраме, ќе го оствариме, а тоа е дека ќе имам сериозно засилувањие на голманска позиција, и она што е договорено со тренерот и неговите желби на позициите, кои дополнително ни требаат, вели Стерјев.
Стерјев откри и дека еден играч до вториот тим ќе биде прекомандиван кај „постарите“. Екипата на Еѕрофарм Пелистер 2 експресно и можно се врати во елиата.
„Најзначајно е дека некои од младите играчи кои се во напредна фаза. Мирче Калајџиоски е одлука и на тренерот и на стручен штаб, да биде прекомандуван во првата екипа.,Заедно со Тајник и со Хаџиќ да бидат носители. Можеби ќе имаме најмлади играчи, имаме верба и треба да покажат на домашна и меѓународна сцена дека ја заслужуваат таа доверба, вели Стерјев.
Погледнете го целиот реазговор со Зоран Стерјев што го водевме во Келн за време на Ф4 турнирот.