Тимур Дибиров, еден од највпечатливите леви крила во историјата на ракометот, се повлече од активното играње.
По богатата и блескава кариера која кулминираше со европските трофеи со Вардар, Дибиров својата последна станица ја имаше во Загреб, каде ја заврши кариерата со шампионска круна во Хрватска, победувајќи го Нексе во финалната серија.
На последниот натпревар, Дибиров постигна два гола, но она што беше уште поважно – доби емотивна поддршка и признание од своите поранешни соиграчи и пријатели.
Во посебно видео се појавија имиња кои беа дел од „златниот Вардар“ – Раул Гонзалез, Столе Стоилов, Игор Карачиќ, Сташ Скубе, Данил Шишкарев, Лука Циндриќ, Иван Чупиќ, Мијајло Марсениќ и други, кои му испратија пораки со благодарност и почит за сè што направи за ракометот.
Тимур Дибиров остави траен белег во ракометната историја со својата елеганција, спортска култура и неверојатна борбеност. Со ова, не само што заврши една кариера, туку и едно златно поглавје од европскиот ракомет.
View this post on Instagram