Машката младинска репрезентација на Македонија го заврши настапот на Светското првенство во Полска на 25 место по триумфот над САД со 47-28.
Иако очекувањата на сите инволвирани и на јавноста беа многу поголеми, сепак пласманот не е според желбите.
По трите порази од Фарски Острови, Романија и Исланд, следуваше шокантен пораз од Мароко, а впечатокот колку-толку беше поправен со победите над Мексико, Бразил и САД.
Селекторот Раде Стојановиќ во разговорот за 24Ракомет ги сумира впечатоците по мундијалскиот настап, за неисполнетите очекувања, како негови, така и на играчите и јавноста, открива какви се неговите лични планови за иднина поврзани со националниот тим, за клупскиот предизвик…