🎥 Зарабец за 24Ракомет ТВ: Има уште резерви во нас, мора еднаш да ја победиме и Норвешка

Репрезентацијата на Словенија полесно од очекуваното славеше над Полска во натпревар од второто коло од групната фаза на Европското првенство. Избраниците на Урош Зорман триумфираа со 32:25 и дојдоа до втора победа на континенталниот собир, откако во првото коло беа подобри и од дебитантот - Фарски Острови. Средниот бек Миха Зарабец ги сподели импресиите по мечот со Полска и го најави дербито со Норвешка во третата рунда. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...