Screenshot

🎥 Загреб им приреди незаборавен дочек на бронзените ракометари – пееше и Томпсон!

Иако се крена голема фама околу пречекот на хрватските репрезентативци по освоената бронза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, сепак беше организиран свечен дочек во Загреб.

На плоштадот „Бан Јелачиќ“ во хрватската престолнина се собраа голем број навивачи и ги поздравија ниввните херои.

Владата на Хрватска, за разлика од Градот Загреб, им ја исполни желбата на ракометари, свој музички настап на овој настан имаше Марко Перковиќ Томпсон, контроверзен изведувач на песни со националистичка содржина.

Еве како изгледаше пречекот…