🎥 Загреб гори – Хрватите се сребрени, ама нивните навивачи се златни!

Хрватска не успеа да ја спречи Данска во обидот да ја расипе скандинавската забава во Осло и на крајот загуби со 32-26.

Сепак тоа не беше пречка илјадници хрватски навивачи да им приредат незаборавен пречек на своите миленици.

Плоштадот „Бан Јелачиќ“ во центарот на Загреб беше претесен да ги собере сите кои сакаа уште еднаш да ги поздрават хрватските репрезентативци.

Многумина се надеваа дека исходот од финалето можеше да биде поинаков ако се играше во Загреб, но Хрватите треба да бидат задоволни и со мундијалско сребро.