🎥 „Вртенката“ на Хосни против Фуксе се најде во ТОП 5 голови во ЛШ

Европската ракометна федерација ги објави најубавите пет погодоци по второто коло од Лигата на шампионите.

Исто како и по минатото коло, кога во изборот на ТОП 5 се најде Филип Кузмановски, сега тоа е случај со уште еден пелистерец.

Станува збор за десниот бек Усама Хосни, кој погодоци во голот на Дејан Милосављев во првиот дел со „вртенка“.

Покрај голот на Хосни, во ТОП 5 голови на колото се најдоа и погодоците на Золтан Сита, Матијас Гидсел, Петар Цикуша и Алекс Пасквал.

Погледнете ги најубавите погодоци во Лигата на шампионите…