Македонскиот претставник во младинската Лига на шампиони, Еурофарм Пелистер, се пласираше на завршниот турнир откако успешно ги мина квалификациите.
Тимот, предводен од Фарук Мемиќ и Кире Митревски, пристигна во Германија и се „чекираше“ во Келн, каде ќе го одигра финалниот дел доколку го совлада ГОГ.
Вечерва во 20:00 часот младите пелистерци ќе го одработат единствениот тренинг на германско тло, по што ги очекува големиот полуфинален предизвик.
Полуфиналниот натпревар против силната данска екипа ГОГ Гудме ќе се одигра в сабота од 09:00 часот во Дормаген.
Во второто полуфинале ќе се судрат младинските состави на Барселона и Веспрем, две европски ракометни сили со богати школи и традиција.
Расположението во таборот на Еурофарм Пелистер е на високо ниво. Мотивирани, подготвени и без притисок, битолчани најавуваат борба до последен свиреж. Како што велат од клубот – „немаме што да загубиме, одиме да се надигруваме со најдобрите во Европа“.
View this post on Instagram