🎥 Урнебесна изјава на Вујо: За малку не го задавив во соблекувалната….

Нексе со Веселин Вујовиќ на клупата славеше против Спачва Винковци со 28-25 на гостински терен, а домаќините им пружија силен отпор на ракометарите од Нашице. Иако играше со полн состав, сепак Вујо комбинираше со минутажата на играчите пред дуелот со Рајн Некар, па во таков однос на теренот се истакна десниот бек Борна Манци Мичевиќ, кој секогаш е во втор план. Тој беше најдобар стрелец со пет гола, но Вујовиќ не беше најзадоволен од неговиот учинок - „Не можам да бидам задоволен, за малку не го задавив во соблекувалната поради последните два шута. Кога има шанса да шутне, тој не шутира, а потоа шутира без причина, плус и неговото враќање во одбрана беше дискутабилно. Веројатно вие и јас гледаме од различни агли, но ајде да кажеме дека заслужува преодна оценка“, изјави Вујо....