🎥 Традицијата продолжува: Ракометарите кршеа лепче со паричка – еве каде се падна!

Традицијата што одамна е воспоставена меѓу ракометарите во собирите пред големите натпреварувања, продолжи и денеска.

Македонската репрезентација, како и секоја година од 2012 па наваму, Бадник и Божик ги минува заедно, но надвор од семејствата.

Сепак традицијата не се напушта, па на Бадник се кршеше лепче со паричка меѓу сите репрезентативци и стручниот штаб.

Паричката се падна кај кружниот напаѓач Милан Лазаревски, па со право јавноста ќе очекува од него добри партии на СП.

Македонија утре патува за Хрватска, в среда е натпреварот против домаќинот на СП, а потоа следуваат уште две пријателски средби. Нашата селекција е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.