Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал подготовките за новата сезона, но легендарното лево крило Тимур Дибиров веќе работи на ракометните терени.
По летниот одмор, тој ги користи последните слободни денови во Ростов Дон, но активно пред да се врати во Загреб.
Во рускиот вицепрвак е тренер неговата сопруга Ирина Дибирова, ракометарките веќе почнаа со тренинзи, а и Тимур ја одржува формата со нив.
Во Ростов Дон, покрај Дибирова, која го водеше ЖРК Вардар, работи и долгогодишниот кондициски тренер на „црвено-црниот“ тим, Данијел Јурашиќ.
Асистент на Дибирова е долгогодишниот соиграч на Тимур од Чеховски Медведи, Дмитри Ковалев.
Среќа што наскоро Тимур ќе ги почне тренинзите со Загреб, бидејќи сигурно не е лесно да сопругата да ти биде тренер…
Ростов Дон оваа сезона има големи амбиции да ја симне ЦСКА Москва од рускиот ракометен трон.