Невидени сцени го одбележаа четвртфиналето од Купот на Црна Гора, каде што натпреварот меѓу Забјело и Рудар Пљевља прерасна во вистински хаос во самиот финиш.
Инцидентот се случи во 58. минута, при водство на домашниот тим од 27-24, кога ракометарот на Забјело, Мирко Дамјановиќ, брутално стартуваше врз противничкиот играч Филип Газдиќ, оттурнувајќи го на паркетот. Според првичните информации, постои сомнеж за потешка повреда кај Газдиќ.
Ситуацијата дополнително ескалираше кога Драган Јелушиќ се обиде да интервенира, но беше удрен со тупаница, додека Дамјановиќ оттурна и официјално лице на клубот. Во целиот хаос, уште еден домашен играч со колено го удри Јелушиќ во главата, по што настана масовна мешаница на теренот.
Судиите реагираа со доделување на повеќе сини картони, за Дамјановиќ и Јелушиќ, како и за Правиловиќ и Марковиќ. Се очекуваат строги дисциплински мерки, а според најавите, токму Дамјановиќ би можел да се соочи со најтешка санкција, што потенцијално би ја довело во прашање и неговата кариера.
Во сенка на инцидентот, Рудар Пљевља успеа да направи пресврт и да слави со 28-24, обезбедувајќи пласман на завршниот турнир. Покрај нив, место на Ф4 турнирот обезбедија и Будванска Ривијера и Ловќен.

























