Еурофарм Пелистер славеше во финалето на Струшкиот турнир над Вардар со 29-26 и го освои 14-тиот трофеј покрај езерото.
Хрватскиот репрезентативец на голот на Еурофарм Пелистер, Филип Ивиќ, ја доби наградата за најдобар голман на турнирот во Струга, заедно со онаа тимската за освоеното прво место.
„Импресиониран сум од организацијата на турнирот и посетеноста. Се радувам на идните вакви дербија против Вардар“, вели Ивиќ.
Пелистерци ги очекува уште турнири во Болу и во Добој, пред Супер Куп натпреварот и стартот на сезоната во Супер лигата.
View this post on Instagram