Еурофарм Пелистер славеше во финалето на Струшкиот турнир над Вардар со 29-26 и го освои 14-тиот трофеј покрај езерото.
Тренерот на пелистерци, Бранко Ангеловски, освои нов трофеј со битолчани и најави нови засилувања.
„Во финалето, на крај одбраните на Филип Ивиќ дадоа поттик, и некои тактички измени што ги спремивме на полуврме кога видовме каде треба да напаѓаме. Ќе мораме да ја освежиме екипата со уште 1-2 играчи. Ако тоа се случи ќе бидеме посилни во ротација“, вели Ангеловски.
Пелистерци ги очекува уште турнири во Болу и во Добој, пред Супер Куп натпреварот и стартот на сезоната во Супер лигата.
View this post on Instagram