Вардар супериорно го надигра Охрид на отварањето на турнирот „Крсте Андоновски“ победувајќи со 34-21 и најавувајќи дека формата на екипата оди во нагорна линија. „Црвено-црните“ имаа одличен напад кој знаеше како да се справи со „гладијаторите“.
„Се спремавме подеднакво како и за сите други натпревари. На секој меч влегуваме 100 отсто, првенствено во одбрана. Овојпат имавме навистина коректен напад и тоа беше причината зошто изгледавме вака супериорно, вели Марко Срдановиќ, крилото на Вардар.
За скопјани ова е втопр турнир во низа на кој настапуваат. Претходно загубија во финалето н атурнирот во Струга од Еурофарм Пелистер. Токму тие два тима се и најголемите фаворити и сезонава да се борат за титулата дома.
„Тоа е дерби на макеоднски ракомет. Секој пораз од Еурофарм Пелистер не е лесен да се поднесе, но фокусрани сме за она што допрва ќе дојде . Тука дојдовме да играме што подобро, вели Срдановиќ.
Следните дуели на Вардар се исто така против тешки ривали, со Партизан и со Целје.
„Првенствено ни е да одиграме тактички добра одбрана, и секако се надеваме на најдобро. Сега тоа ни е цел, но ова се пријателски турнири и гледам што подобро да се спремиме за новата сезона, смета Срдановиќ.
View this post on Instagram
Дознајте ги сите новости поврзани со 3. издание на турнирот во Охрид во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…