Поранешниот младински репрезентативец Давор Палевски минатото лето реши да му каже збогум на ергенскиот живот, а по крајот на оваа сезона направи свадбена веселба.
Неговата долгогодишна девојка Симона Богоевска, му стана сопруга, а минатиот викенд радоста ја поделија со многубројните гости.
Меѓу гостите на свадбената веселба беа повеќемина актуелни и поранешни соиграчи на левото крило.
Палевски ги бранеше боите на Металург 2, Металург со кој беше дел од Лигата на шампионите, потоа играше и за Работнички.
Две сезони беше најдобар стрелец во суперлигашкото друштво, а последните четири години настапува за тимот на Пролет.