Репрезентацијата на БиХ не успеа да се пласира во вториот бараж за Светското првенство што во 2025 година ќе се одржи во Германија и Холандија, но една од ракометарките по убаво ќе ги памети овие квалификации.
По одиграниот натпревар со Косово, се случи романтична сцена на теренот. Имено, репрезентативката на БиХ, Дамљана Бошњак, беше запросена од нејзиниот иден сопруг Алекса Јовиќ.
БиХ во првиот бараж за ривали ги имаше Косово и Белгија, најпрво загуби од Косово со 32:26, потоа следуваше минимален пораз од Белгија, 28:27.
Бошњак на клупско ниво во Лада Тољати настапува заедно со македонската репрезентативка Леонида Гичевска.
Погледнете…