По натпреварот со Вардар, ракометарите на Тиквеш доживеаја несекојдневна „втора рунда“ – не на терен, туку на паркингот пред СЦ „Јане Сандански“.
Поради концерт во салата и хаос од непрописно паркирани возила, излезите и пристапите беа блокирани, а клубскиот автобус не можеше да се помести од паркингот.
Наместо чекање и дополнителна нервоза, играчите застанаа рамо до рамо, буквално со раце поместија две возила и му отворија коридор на автобусот за да може екипата да тргне кон Кавадарци.
Неколку координирани „орук“ потези беа доволни за да се расчисти тесното грло – глетка што повеќе прилега на акција за брза интервенција, отколку на вечер по ракометен дуел.
View this post on Instagram

























