🎥 Ракометар на Вардар суспендиран на два меча на ЕП!

Дисциплинската комисија на ЕХФ донесе одлука во случајот против полскиот репрезентативец Виктор Јанковски, кој беше директно исклучен за време на натпреварот Унгарија – Полска на Европското првенство.

Инцидентот се случи во 33:47 минута од мечот, кога членот на Вардар заработи директен црвен картон по опасен прекршок. По детална анализа на ситуацијата, Дисциплинската комисија оцени дека неговиот потег бил „крајно невнимателен и опасен“, како и дека претставува сериозно неспортско однесување.

Поради тоа, Комисијата одлучи да го суспендира Јанковски од настап во натпреварите на националните тимови под капата на ЕХФ за две средби.

Тоа значи дека тој нема право на настап на следните два натпревари на Полска на ЕП против Исланд и Италија.