🎥 Проблеми за пелистерци – капитенот Кузмановски доби црвен и син картон

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер целото второ полувреме од Супер Купот ќе го одигра без капитенот Филип Кузмановски.

Тој доби црвен и син картон од судиите Николов и Начевски по еден контакт со противничкиот ракометар Валентин Карасманакис.

Двајцата имаа меѓусебен дуел далеку од шесте метри, но Кузмановски реагираше со лактот, а тоа во прв момент не го забележаа судиите.

Карасманакис падна на подот, имаше мала мешаница, а по прегледувањето на снимката судиите го исклучија Кузмановски.

На паузата, тимот на Кире Лазаров води против Еурофарм Пелистер со 19-14.