Иако помина една недела откако Кил го одигра полуфиналниот натпревар од Купот на Германија против Рајн Некар, сега се појави снимка која стана вирална.
Станува збор за Домагој Дувњак, кој имаше мала незгодана теренот, откако ги загуби контактните леќи.
Тој постигна погодок во противничката мрежа, но сфати дека остана без нив и ги бараше на теренот.
Откако не ги најде, истрча по резервните во соблекувалната, но набрзо ја заврши процедурата и се врати на терен.
На дуелот со Рајн Некар, Дувњак одигра врвно и беше меѓу најдобрите во дресот на Кил, кој потоа го освои трофејот во Купот на Германија, откако славеше и против Мелсунген.
@daikin_hbl Just to win it all 😎 Domagoj Duvnjak a true legend of the game 🤩 #hbl #daikinhbl #handball #lidlfinal4 #thwkiel ♬ Deus do Olimpo – TRASHXRL