🎥 Поранешен македонски репрезентативец стана јутјубер

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, кој неколкупати се најде и на поширокиот список на сениорската репрезентација, а беше и на еден собир - Дарко Кондев, во моментов живее во Соединетите Американски Држави. Некогашниот играч на Металург и Тиквеш по заминувањето од Македонија беше дел од Милвоки и Сан Франциско, двата најдобри американски клубови, настапи на неколку турнири за нив, но сега има уште една преокупација. Кондев стана Ју тјубер и веќе го објави своето прво видео на оваа платформа. Погледнете....