Хрватската репрезентација го совлада Исланд и го освои бронзениот медал на Европското првенство, прво европско одличје по 2020 година и второ големо признание по ред, по минатогодишното сребро на Светското првенство.
Натпреварот за третото место понуди вистинска драма до последните секунди, а по последниот судиски свиреж следуваше еуфорично славје на хрватските ракометари.
Додека на едната страна се славеше победата, на другата теренот стана сцена на голема тага, еден од исландските ракометари, Бјарки Мар Елисон, скршен од поразот, во солзи падна на паркетот и се фати за глава.
Токму во тие моменти се случи сцена која не беше забележана од телевизиските камери, но остави силен впечаток. Неговите соиграчи од Веспрем – Иван Мартиновиќ, и Лука Циндриќ го прекинаа своето славје, му пријдоа на расплаканиот противник и се обидоа да го утешат.
Гест на вистински спортски дух во мигот на најголема радост, момент за паметење и уште еден доказ дека величината на една репрезентација не се мери само со освоените медали, туку и со човечноста и однесувањето на теренот.
View this post on Instagram

























