Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе го почнат настапот на турнирот „Купот на пријателството“ во турскиот град Болу.
Тие денеска пристигнаа во Турција и подготвени ќе излезат на мегдан на славниот руски клуб Чеховски Медведи.
Ова е трет настап за македонскиот шампион на завршниците од регионалната конкуренција. Првпат беше во 2022 година, кога освои бронза по триумфот над Нексе.
Вториот пат тоа се случи лани во Анкара, кога пелистерци загубија од унгарскиот Веспрем и од српската Војводина.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Чеховски Медведи се игра во 16:00, а ќе може да го гледате во живо на 24Ракомет.